За нас
МУЛТИВЕГА Магдалена ДООЕЛ Скопје е друштво за надворешен и внатрешен промет на градежни материјали како и инвестиции во градежништво. Друштвото е формирано во 1999 год со 100% приватен капитал.
Успешната приказна на компанијата започнува со увоз и пласман на водоотпорна шперплоча за шаловање во градежништво што сеуште е нејзина главна дејност. Подоцна асортиманот го проширува и на други градежни материјали меѓу кои значаен дел се повеќе димензии на ОСБ табли, стеги, затезни глави и други градежни материјали. На почетокот материјалите се пласираат на домашниот пазар ,а подоцна пласманот се шири во регионот, најмногу во Косово и Црна Гора.
Од 2009 г. фирмата започнува со инвестирање во изградба на станбени и деловни објекти.
Компанијата е поткрепена со професионален високостручен тим од економисти, инженери архитекти како и градежни инженери и технолози.
МУЛТИВЕГА ДООЕЛ е лоцирана во Визбегово на сопствен плац од 2000м2, на кој се наоѓаат деловен објект од 300м2 како и затворен и отворен магацински простор со површина од повеќе од 1000м2.