- Мк
- En
- Sq
ОСБ ПЛОЧИ
ОСБ ПЛОЧИ - Видови и димензии
OSB плочите се современ еколошки материјал, изработен од дрвени деланки , ориентирани во сите правци и поврзани со лепак отпорен на вода и температурни разлики. Како иновација во градежништво се појавуваат во Соединетите Американски Држави во средината на 20век. Во Европа нивнота примена се појавува многу подоцна , а во нашите краеви дури на почетокот на 21век.
ОСБ плочите најчесто се изработуваат со димензии 1220/2440 и дебелини од 9,12,15,18 мм. Квалитетот на таблите се бележи со I , II и III кои се воедно и најквалитетни .
Примена на ОСБ плочите
Овој материјал наоѓа примена во повеќе фази на градежниот процес.
Се употребува за патосирање на кровна и меѓукатна дрвена конструкција , како подлога за подови , па дури и како оплата . Но во последно време најмногу се употребува за изградба на монтажни и енергетско ефикасни објекти.