- Мк
- En
- Sq
ВОДООТПОТНА ШПЕРПЛОЧА ОД ТВРДО АФРИЧКО ДРВО
Водоотпорна шперплоча од тврдо афричко дрво
Водоотпорна шперплоча од тврдо афричко дрво наменета за европскиот пазар која ги задоволува високите стандарди на издрливост , а висококвалитетниот WBP лепак и финскиот фенолен DYNEA филм овозможува повеќекратна употреба на таблите. Изработена е со димензии 1220/2440mm и дебелина од 21mm составена од 13 слоја на тврдо афричко дрво, тежината изнесува 650 до 680 kg/m3. Слоевите на таблите се меѓусебно споени со WBP лепак кој е отпорен на вода и на температурни разлики. Заштитена од двете страни со DYNEA фински фенолен филм 120gr/m2 кој и воедно е најквалитетен како и специјален премаз за заштита на сите четири бочни страни.